Лукоил / Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Поради планирани ремонти привремено се затвара рафинеријата во Бургас

Нафтената рафинерија во Бургас, Бугарија, во сопственост на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, ќе биде затворена од 26-ти февруари поради планираните ремонти што се вршат на секои четири години, изјави бугарскиот премиер Росен Жељасков.

Тој додаде дека рафинеријата повторно ќе биде пуштена во употреба на 25 април, а целосно треба да продолжи со работа на 1 мај.

Шефот на бугарската влада изјави дека последната планирана поправка на рафинеријата била извршена во јули 2021 година. Од друга страна, тој нагласи дека резервите на гориво за тековните потреби на државата во моментов се 100 отсто обезбедени.

Жељасков посочи и дека бугарската влада не може да се меша во плановите за продажба на рафинеријата и механизмите за нејзино купување и продавање, но може да ја забрани трансакцијата доколку се појави потреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот