
Поповски: Стратешките заложби за транспарентност и борбата со лажните вести мора да продолжат и по изборите
– Сите заедно треба да ги туркаме сите институции во насока на поголема транспарентност и борба против корупцијата, нагласил Поповски.
Како што соопшти владината прес-служба, Поповски додал дека оваа Влада за прв пат создаде професионален сектор за информирање кој, меѓу другото, ја промовираше транспарентноста на сите буџетски трансакции, подвлекувајќи дека во наредниот период од особено значење ќе биде бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата како и остварувањето реални реформи во судскиот систем.
Препорачано
-Сите заедно треба да ги туркаме сите институции во насока на поголема транспарентност и борба против корупцијата, нагласил Поповски.
Претставниците на ИРИ ја поддржале досегашната соработка со Владата на Република Северна Македонија и изразија надеж дека таа ќе продолжи. Тие истакнале дека инцијативите и реформските процеси што ги остварува оваа Влада се од огромно значење за иднината на земјата и упатија честитки за успешноста. Од ИРИ ги поздравиле заложбите на Владата за професионално информирање и понудија експертиза за сензитивизирање на јавноста за лажните вести.