Милорад Додик
Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Поништен дипломатскиот пасош на Додик

Милорад Додик одби да го исполни барањето на Министерството за надворешни работи на БиХ, па денес, како што објави „Рапорт“, неговиот дипломатски пасош автоматски беше поништен.

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, пред 15 дена побара од поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, да го врати дипломатскиот пасош на Босна и Херцеговина, но осудениот лидер на СНСД одби, објавија извештаите.

Барањето е испратено на 19 август. Барањето е испратено на 19 август, а рокот за враќање на пасошот истече денес, 3 септември. Додик одби да го исполни барањето на Министерството за надворешни работи, па денес неговиот пасош автоматски беше поништен и прогласен за неважечки.

Конаковиќ го испрати барањето откако на Додик му беше законски одземен мандатот како претседател на РС, поради пресудата на Судот на Босна и Херцеговина. Одлуката за одземање на мандатот стана конечна на 18 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!