Помпео стана нов соработник на Фокс њуз

Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео ангажиран е како „соработник” во Фокс њуз (Fox news), соопшти информативниот канал, омилен помеѓу конзервативците во САД.

– Планирам на гледачите да им пружам искрен и директен поглед на геополитиката, меѓународните односи и програмата (на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп) „Прво Америка”, што отвори пат кон просперитет и безбедност на САД без преседан, изјави Помпео.

Извршната директорка на Фокс њуз, Сузан Скот изјави дека Помпео е еден од најпризнаените и најценети соговорници во САД за надворешно безбедносна политика.

Помпео беше државен секретар од април 2018 до јануари, а претходно беше директор на ЦИА.

Според некои аналитичари Помпео има планови и за Белата куќа, на претседателските избори во 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот