Фото: Општина Илинден

Помош и нега во домот за повозрасните и жителите со попреченост во Илинден

Општина Илинден, во партнерство со здружението „Моето гнездо“, започнува со реализација на нова социјална услуга „Помош и нега во домот“. Услугата е наменета за лица над 65 години, како и за лица со попреченост, со цел да им се обезбеди континуирана грижа во домашни услови, која ќе им помогне во секојдневниот живот.

Овој проект, кој е дел од Стратешкиот план на Општината за периодот 2022-2026 година, е од особено значење за Илинден, каде во моментов нема лиценцирани даватели на вакви услуги. Според податоците од Пописот во 2021 година, во општината има 1.463 лица со попреченост, вклучувајќи 539 постари лица со телесни попречености и 131 лице со оштетување на видот.

Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека со воспоставување на оваа услуга, Општина Илинден ја потврдува својата заложба за подобрување на животните услови за своите граѓани, како и дека локалната самоуправа работи на изработка на социјален план кој ќе овозможи системско планирање на социјалните услуги според потребите на граѓаните.

Со оваа иницијатива, Општина Илинден се позиционира како пример за одговорна општина која вложува во достоинствена грижа, инклузивност и подобар квалитет на живот за сите граѓани, а особено за оние на кои поддршката им е најпотребна, велат од Илинден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот