Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Половина од населението во Иран се соочува со недостиг на вода за пиење
Речиси половина од урбаното население во Иран се соочува со сериозен недостиг на вода за пиење, изјави Хашем Амини, раководител на државната компанија за водоснабдување, пренесе новинската агенција Тасним.
Препорачано
„Според проценките, 52 градови во 29 провинции – меѓу кои и Техеран, Машхад, Исфахан, Арак, Бандар Абас и Јазд – се погодени од водна криза. Тоа значи дека околу половина од урбаното население се соочува со недостиг на вода за пиење“, изјави Амини.
Тој посочи дека за помалку од три децении, обемот на обновливи извори на свежа вода во Иран е намален за повеќе од 30 отсто – од 132 на 90 милијарди кубни метри. Истовремено, потрошувачката на вода значително е зголемена.
„Водата не е само потрошувачко добро – таа е основа на безбедноста, здравјето, економијата и развојот. Ако денес не управуваме правилно со неа, утре можеби нема да можеме да ја поправиме состојбата“, предупреди Амини.
Компанијата за водоснабдување во Техеран им препорача на граѓаните кои живеат во повеќекатници без резервоар и пумпа да инсталираат такви системи, за да го ублажат ефектот од падот на водниот притисок.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
11мин
-
14мин
-
24мин
-
41мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5