Политичар од Санџак шокира: Ги повика граѓаните да не носат маски и да патуваат, властите бараат кривична одговорност

Регионот Санџак е еден од најпогодените од коронавирусот во Србија, а лидерот на СДА за Санџак Сулејман Угљанин ја шокираше јавноста кога ги повика граѓаните и покрај пандемијата да се дружат без маски и да патуваат.

На политичарот му одговори државниот секретар во министерството за здравство на Србија, д-р Мирсад Ѓерлек дека ваквите изјави се многу опасни во време кога државата се соочува со многу тешка ситуација во однос на епидемијата, па секој искажан збор носи своја тежина.

-Угљанин се обидува својот политички крах да го надомести со несериозни изјави за да стекне евтини политички поени. Очигледно е дека го загубил компасот. Тој со ваквите изјави директно влијае на здравјето и на животите на луѓето кои живеат во тој дел на Србија. Во ситуација кога во овој крај имавме сценарио кое никој жив не би го посакал, тој зборува глупости и јавно ги повикува луѓето да не се придржуваат кон епидемиолошките мерки. Луѓето во Нови Пазар, Сјеница и Тутин се исплашени поради дезинформациите на социјалните мрежи, како и поради вакви изјави кои медицински се целосно неосновани и опасни. Ваквото ширење паника и дезинформации би требало да се сметаат како кривично дело и државата мора под итно да ги санкционира оние кои ги кажуваат, вели Ѓерлек.

Инаку, Угљанин на новинарите по состанокот со турскиот амбасадор на заминување Танџун Биглич им зборуваше за коронавирусот.

– Првата дилема може да биде – сакаат ли граѓаните да го искористат своето основно човеково право по природен пат да се имунизираат, нивните коски да произведуваат антитела и да се штитат од вирусот. Тоа е нивно основно право. Секој човек во својот организам има лабораторија.. или второто… вештачки да се имунизираат. Оние кои сакаат имунизација по природен пат треба да патуваат, да се рекреираат, да се смеат, да се посетуваат, да го живеат животот слободно, да го јакнат својот имунитет на тој начин и да дишат со полни бели дробови, без маски, секако, рече Угљанин.

Но, не е првпат Угљанин со своите ставови да сее забуна меѓу младите луѓе. Тој во јули оцени дека со носењето маски се зголемил бројот на смртни случаи.

-Дури кога почнаа да се користат маски се зголеми смртноста. А зошто? Можеби некој во тие маски, на секоја стота ставил малку вирус или некој боен отров и ни направил проблем овде, рече Угљанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот