Зградата на МВР/Фото: Димитриј Богдановски / Google Maps

Полициска началничка ќе одговара, незаконски си се ставила на список за 13-та плата

МВР објави дека е поднесена кривична пријава против С.С., поранешна началничка на Одделението за обезбедување на странски делегации, за злоупотреба на службена положба, затоа што во 2023 година си доделила незаконски 13-та бонус-плата.

„Пријавената, на работно место началник на Одделение за обезбедување на дипломатско-конзуларно претставништво, а во моментот на извршувањето на делото на работно место началник на Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации при МВР, ја злоупотребила службената положба и овластување на начин што си овозможила стекнување на право за исплата на бонус-плата за 2023 година, иако не го исполнила условот утврден во Законот за работните односи, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21 ден во текот на годината.

„Иако била свесна дека не ги исполнува условите за стекнување со наведеното право, пријавената на 05.06.2024 изготвила список со 11 полициски службеници од Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации кои оствариле услов за бонус плата за 2023 година, во кој се впишала и самата себе, а врз основа на кој подоцна ѝ било утврдено право за исплата на бонус-плата за 2023 година и ѝ биле исплатени парични средства на нејзината трансакциска сметка“, соопшти МВР.

Ќе биде поднесен и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициската службеничка и ќе биде изречена задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот