Фото: МВР

Полицијата приведе двајца битолчани кои возеле под дејство на алкохол

Вчера во 02.06 часот на ул. „Македонска фаланга“ во Битола бил приведен шеесет и седумгодишниот П.Д. со престој во битолското село Жабени.

„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Д. и е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта“, информираат од СВР Битола.

Исто така, вчера во 20.30 часот во ресенското село Јанковец бил приведен педесет и едногодишниот М.М. од Битола.

„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ без регистарски ознаки, управувано од М.М. и кај него е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта“, информираат од СВР Битола.

Лицата веднаш се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот