Полицијата легитимираше и приведуваше за дрога, оружје, кражба и фалсификување исправа

Вчера и денеска полицијата во Скопје легитимирала 87 лица, а преглед бил извршен на 37 моторни возила. Притоа лишени од слобода биле пет лица по член 215 од Кривичниот законик (производство на дрога) и три лица поради недозволено поседување на оружје. Исто така, лишени од слобода биле две лица по член 396 од Кривичниот законик и едно лице по член 235 (кражба) и 378 (фалсификување исправа). Едно лице било приведено за доиздржување на казна затвор. Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот