
Полицијата го убедувала таткото на Вања дека таа била регрутирана во ИСИС
Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска која беше киднапирана и убиена, денеска сведочи во судница и одговара на прашањата на неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ. Тој во неговиот исказ рече дека МВР воопшто не ја водело истрагата за исчезнувањето на неговата ќерка во правилна насока и имале повеќе погрешни претпоставки. Рече дека полицијата кон него се однесувала со анимозитет и сомнеж, тапкале во место со истрагата, го убедувале дека не си го познава детето.
Препорачано
-Инспекторот Владимир беше задолжен за распит на децата. Додека во мојот автомобил се враќавме од претходна посета кај мајка ми со Владимир бидејќи сакаа да го погледнат и тој стан, тој праша дали на фотографијата е Вања. На одговорот дека тоа не е Вања на сликата, ми се развика дека не можам да си го познаам сопственото дете, каков татко сум бил јас. Тоа било слика на некое девојче снимено од камера во некоја мобилара, а тој беше убеден дека тоа е Вања и дека отишла да си го поправа телефонот. Подоцна го забележав дека бара потврда и од Зорица за истата слика. Од комјутерот на Вања дознаа дека со другарче од платформата Дискорт разменувале мислења и ги споредувале Библијата и Куранот. Па нѐ убедуваа дека се регрутирала наводно за ИСИС и отпатувала во Шведска. ИСИС, јас и не знам што е тоа. Еден од испекторите, Кире се викаше, зборуваше на дијалект од источна Македонија, на еден од долготрајните состаноци во полициска станица. Му се обратив со повисок тон, цитирам, на неговиот дијалект „Киднапирана е Кире, киднапирана е, не е по своја волја скршнала од патот кон училиште“ – рече Ѓорчевски.
Тој истакна дека во главата имал безброј сценарија утрото кога исчезна Вања. Едното од нив било – дека можеби ја удрил некој со автомобил па ја однел во болница.
-Имам братучед кој работи во ГОБ „8 Септември“, му вртев но не ми одговори. За кратко време ми се јави, ми кажа дека бил на визита, јас му објаснив што се случило и ми кажа веднаш да одам кај него. Oтидов пред боницата, инсистираше да влезам да ми даде нешто за смирување, ми кажа каде да се смирам. Влеговме во една просторија, каде проверуваше по урегентитните центри дали утрината е хоспитализирано повредено девојче. Исто така се јавивме во Kлиниката на Водно, кај заеднички другар, и таму ни дадоа негативен одговор. Ја немаше никаде по болниците, рече Ѓорчевски.
Братучед му инсистирал тој да остане во болница, но него не го држело место.
-Излегов и влегов во кола. Наредно сценарио беше дека некои заостанати пијаници или наркомани, или дилери во Дебар Маало, ја повлекле во кола се упатиле по Партизанска ја повлекле од лудило од каприц, и дека можеби ќе ја пуштат по пат. Исто така едно од сценаријата кое ми се моташе низ глава беше дека Вања е киднапирана и прво што ме фати страв е да не ја изнесат од државата. Од колата пред болницата почнав да вртам по телефони. Прво ми текна да се јавам кај секретарка кај поранешен функционер во полиција, за преку нејзе ги извести колегите на граничните премини да се проверуваат возилата. Таа не ми одговори веднаш, па свртев кај незиниот сопруг, кој е мој поранешен колега од Фершпед, на кој му кажав дека ми се случува најлошата ноќна мора и дека за тоа ја барам неговата сопруга и таа подоцна ми се јави. Ми кажа дека е пренесено, да не се секирам од тој апсект, дека наводно на граничните премини имало и рентгени. Дека после нејзиното јавување ни мува нема да може да премине. Решив да тргнам кон преминот Блаце, така и ми беше свртена колата, свртев десно од ГОБ „8 Септември“ па лево кај Палас, па дури и прекршок мислам дека направив, имаше голема гужва и свртев полукружно назад, па се вратив на претходно сценарио од Партизанска кон Ѓорче Петров дека некаде по пат ќе ја најдам. Од Ѓорче Петров се стори крајот на Сарај, затоа што во меѓувреме разговарав на телефон, на секои 2 минути вртевме со Зорица кај Вања, Зорица ги известила родителите. Почнав да добивам пораки на вибер групата. Имаше една порака, дека е паметно да се прегледуваат камери за патот кон училиште, тоа ми се виде многу пологично, од бесцелното возење и тргнав накај Центар – рече таткото.
Полицијата го убедувала таткото на Вања дека таа била регрутирана во ИСИС