Фото: Слободен печат

„Полицајците како да си играле криенка“ – Гоце Трајковски почнал да бара снимки од камери затоа што полицијата не реагирала

Сведокот Гоце Трајковски почнал да ги бара снимките од околните места иако случајот бил пријавен на институциите, затоа што никој не реагирал.

– Беа собрани 30 полицајци, никој ништо не работеше, си седеа како криенка да играат – рече Трајковски.

Камерите ги барале според Џи-пи-ер-ес апликација која покажувала каде се движи Вања.

– Излегов на улица и барав камери од сите околни објекти. Баравме од камери пред самиот влез, нè известија дека камерите не им работат подолго време. Отидовме потоа до една фризерница, фаќа на метар пред скалите, накај кафулето „Синдикат“. Газдарицата ни ги даде камерите на телефон веднаш да ги гледаме, јас и Александар – рече тој.

Вања ја немало на камерите, а Зорица која потоа одела по истиот пат ја имало на камерите.

– Зорица ја видовме како трча испаничена од дома во црна јакна и телефонот го става во џеб на истата улица кајшто одела Вања.

Трајковски рече дека ја барале со Зорица по болници, да не ѝ се случило нешто, да не ја удрил некој со кола, на Водно,  ја барале и во една напуштена куќа кај Фитнес хаус.

– Од Лукоил снимките Саше сам си ги имаше набавено од дирекцијата и ги гледавме на компјутер дома кај нив – додаде тој.

Трајковски прашувал и вработен во Сејф сити дали Вања ја има некаде на камерите, на пријателска база, но тој му кажал дека цела полиција го бара девојчето, но никаде не можат да најдат трага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот