„Погон“ бар

ПОГОН БАР, општествено одговорен угостителски објект во Козле

Неодамна на нашиот официјален инстаграм-профил @slobodenpecat, сосема спонтано и автентично – на ваше барање, а на наше задоволство – започнавме иницијатива за поголема видливост на традиционалните медиуми преку понуда за читање весници во македонските угостителски објекти.

Еден од првите угостителски објекти кои ни се приклучија на иницијативата е култниот маалски бар „Погон“ – место кое многу работи го прават општествено одговорен објект, а во продолжение ќе дознаете зошто толку многу луѓе се навраќаат на пијалак токму тука.

ПОГОН – едно од најавтентичните места за пијалак, дружење и добра музика во Скопје

„Погон“ е место создадено од тројца другари по професија машински инженери, кои решиле да ја изградат својата визија, буквално со свои раце. Целта им била да создадат нешто повеќе од бизнис – приказна што се живее.

Локацијата за „Погон“ ја барале цели две години. Се одлучиле за Козле затоа што е населба низ која и самите тие движеле цело време, а во која им недостигало место за дружба, пијалак и опуштена атмосфера.

„Погон“ бар / Слободен печат - Драган Митрески
„Погон“ бар / Слободен печат – Драган Митрески
 „Погон“ бар / Слободен печат - Драган Митрески
„Погон“ бар / Слободен печат – Драган Митрески

„Погон“ каков што го знаеме денес е простор кој другари го создадоа од нула, со доминантна употреба на метал и  реупотребени материјали од стари фабрики. Металот, како што ни раскажува Петар, еден од основачите на „Погон“, доминира во просторот затоа што важи за материјал кој им е природен и близок.

„Погон“ бар / Слободен печат – Драган Митрески
 „Погон“ бар / Слободен печат - Драган Митрески
„Погон“ бар / Слободен печат – Драган Митрески

Целиот локал го направивме сами – од дизајнот до изведбата. Масите, шанкот, деталите, целиот амбиент – сè е наша рачна работа и наша идеја. Металот, како наш „природен елемент“, доминира во просторот и ја генерира таа индустриска естетика, која нè прави препознатливи.

Така настана нашето катче, со индустриски дизајн и уникатна атмосфера. Прво беше идеја за маалски угостителски објект, но прераснавме во градско, урбано место за дружење, вели Петар.

 „Погон“ бар / Слободен печат - Драган Митрески
„Погон“ бар / Слободен печат – Драган Митрески
„Погон“ бар / Слободен печат – Драган Митрески

Името на барот не може да биде посоодветно на целата приказна. Искуството на тројцата другари, работејќи во стари работилници, со стари алати и машини ги инспирирало да го крстат нивниот бар „Погон“, баш каков што е и ентериерот кој сами го создале во објкетот.

И тоа ни беше онака, спонтано. Кога ќе праша некој ‘ајде на кафе, каде си?’Во погон!’ Како да си на работа во некој погон, ама всушност не си на работа – на коктел си.

 „Погон“ бар / Слободен печат - Драган Митрески
„Погон“ бар / Слободен печат – Драган Митрески
Тоалетот во „Погон“ бар / Слободен печат – Драган Митрески
Хигиената во „Погон“ бар се одржува во овој епски, рачно изработен мијалник / Слободен печат – Драган Митрески

Водени од идејата за заедничка креативност и дружење помеѓу гостите, патувањата надвор од Македонија биле главна инспирација за тимот на „Погон“ да започне со организирање тематски настани и забави, кои набрзо станаа уште еден автентичен белег на ова култно место.  Така, „Погон“ досега бил домаќин на „Насликај за ‘Погон’“, креативна работилница на која гостите, со материјалите за сликање и рамки овозможени од барот, создавале дела кои сега се дел од ентериерот на местото.

Фото: @pogon.bar

Уметност се развивала и на „Насликај си чашка“, работилница на која „Погон“ ги отстапил своите бели шољи за кафе, на кои гостите со фломастери ја изразувале креативноста: „Идејата ни дојде спонтано, за секој што ќе си ја однесе дома, да му се развесели денот од креативноста“ – вели Петар.

Наскоро доаѓа Велигден, а во „Погон“, најголемиот христијански празник се одбележува со два забавни настани. Првиот е „Пронајди го јајцето“ – тимот на „Погон“ крие три велигденски јајца во објектот, а среќните гости што ќе ги пронајдат, си одат дома со награда од барот. Вториот предизвик е голем „турнир“ во кршење со јајца – секој носи велигденско јајце од дома (но има и „резерви“ за оние што не понеле), а оној што ќе остане непобеден, си заминува дома со награда од „Погон“. Популарноста на првиот предизвик, односно потрагата на велигденските јајца, придонела тимот на „Погон“ да организира и „зимска верзија“ на потрагата, ама со дедомразовци.

Настаните кои неуморниот тим на „Погон бар“ ги организирира се со цел да допрат до општеството со пораката дека „заедно можеме да ја направиме нашата околина подобро место“, што го прави „Погон“ отскочна даска за нови уметници, творци, диџеи и селектори на музика.

Она што особено ни се допаѓа е што „Погон“ е место во кое можете да испиете пијалак со најдобрите другари на човекот – животните. Барот има 4 домаќини, мачки со автенични имиња коишто ги добиваат преку консензус со гостите и анкети на нивниот инстаграм-профил, па така, во „Погон“ ќе се запознаете со Лиде, Шашли, Том и Тивко.

На следната фотографија, запознајте се со Тивко! 🥰

„Погон“ бар / Слободен печат - Драган Митрески
Мачето се вика Тивко, зашто било тивко / Слободен печат – Драган Митрески
„Погон“ бар / Слободен печат - Драган Митрески
Тивко чита во „Погон“ бар / Слободен печат – Драган Митрески

„Погон“  постои речиси четири години и успешно изгради имиџ на бар кој има одлична атмосфера во секоја сезона. Топлите денови се многу поопуштени под дебелите багремови сенки кои ја освежуваат терасата, па пријателската атмосфера во ова место асоцира на опуштена дружба во дворче, збогатена со смрзнат Аперол, еден од популарните пијалаци на гостите.

Фото: @pogon.bar
Фото: @pogon.bar
Фото: @pogon.bar

Ентериерот во внатрешноста на барот е збогатена со ќилими на подот, па во комбинација со зимскиот специјалитет греан џин и спектакуларниот греан Аперол, се создава една идилично топла атмосфера за дружење во студените зимски денови.

Фото: @pogon.bar
„Погон“ бар / Слободен печат – Драган Митрески

Најпознатиот коктел во „Погон“ го носи името Перверзија: станува збор за микс од рум од брендот „Оакхарт“ (Oakheart), во комбинација со сируп од ѓумбир, помешано со цеден сок од лимета и нане. Штом го вкусите, ќе сфатите зошто е сосема заслужено и оправдано коктелот да се нарекува токму така – перверзија. Во продолжение погледнете дел од коктелите достапни во „Погон“, но и заследете го нивниот инстаграм-профил @pogon.bar, каде редовно известуваат за сите новитети од менито, како и актуелни настани.

Фото: @pogon.bar
Фото: @pogon.bar
Фото: @pogon.bar
Фото: @pogon.bar

„Кога го создававме „Погон“, целта ни беше да имаме опуштено, алтернативно место на убава локација, ослободено од скопскиот метеж, место во кое ќе може да се испие одличен пијалак, слушне добра музика, дружи и создава спонтана уметност“, велат од „Погон“ за целта на нивното постоење.

„Погон“ бар / Слободен печат - Драган Митрески
„Погон“ бар и пријателите / Слободен печат – Драган Митрески

Ние одговорно тврдиме дека „Погон“ создава и многу повеќе!

Локација: Улица Јуриј Гагарин 51/1, Козле
Работно време: Понеделник- четврток 09:00-00:00 / Петок- сабота 09:00-01:00 / Недела неработен ден

СЕ ЧИТАМЕ ВО ПОГОН БАР!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот