фрегата/ Фото EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK

Погодена руска фрегата во Црното Море

Руска фрегата е во пламен во Црното Море откако била погодена од украински проектил, наведуваат украинските медиуми, иако инцидентот не е потврден од Москва и само индиректно е потврден од Киев, пренесе ДПА.

Интернет страницата „Думскаја.нет” со седиште во Одеса денеска објави дека брод од серијата „Проект 11356 Буревестник” бил во пламен во близина на Змискиот Остров, откако бил погоден со ракета „Нептун”, истрелана од украинска територија.

Иако Украина не го потврди инцидентот, Генералштабот на армијата го зголеми бројот на руски бродови што се уништени од почетокот на инвазијата на Кремљ врз земјата, откако „Думскаја. нет” сподели сателитски снимки на кои се гледа брод во пламен.

Засега не е можна независна потврда на пожарот на бродот, додава ДПА.

„Буревестник” е релативно нов вид на брод, што беше додаден кон руската флота во 2016 година. Се верува дека во моментов три вакви фрегати се наоѓаат во Црното Море.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот