Погледнете како изгледа тунелот изграден на најголема надморска височина (ВИДЕО)

На Тибет отворен за сообраќај е тунел на автопат кој се наоѓа на најголема надморска височина во светот, односно на преку 4.750 метри.

Двонасочниот тунел е долг околу 5,7 километри и е дел од 400-километарски автопат кој го поврзува главниот град на регионот, Ласа, со југоисточниот дел на Тибет.

Изградбата на тунелот започна во 2015 година, а неговата изградба ја намалува должината на патот за 12,3 километри, пренесува кинеското радио „Интернешнл“.

Раководителот на проектот за изградба на овој тунел, Гонг Бин, рече дека во текот на изградбата биле постигнати над 10 технолошки подвизи, како на пример пробивање на тунелот во екстремно ладни временски услови и на голема височина.

Тој рече дека и покрај студот и недостатокот на кислород, повеќе од 2 000 градежни работници се соочиле и со многу други предизвици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот