Германија/ фото: Pixabay

Поддршката за десничарската Алтернатива за Германија (AfD) повторно се зголемува на 25 проценти

Според најновата анкета на Германскиот институт за нови општествени одговори (INSA), десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) моментално има највисоко ниво на поддршка од мај, додека актуелната владејачка коалиција на Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија (CDU/CSU) и Социјалдемократската партија (SPD) не би освоила мнозинство во Бундестагот.

Во неделната анкета на INSA за Bild am Sonntag, AfD достигна 25 проценти од поддршката на граѓаните за прв пат од средината на мај, што одговара на зголемување од еден процентен поен, објавува денес Welt.

Другите партии, според анкетата, ги задржаа своите резултати од претходната недела, при што CDU/CSU остануваат најсилна партија со 27 проценти поддршка, додека нивниот коалициски партнер SPD моментално има 15 проценти.

Заедно, CDU/CSU и SPD имаат само 42 проценти поддршка, што во моментов е помалку од мнозинството во Бундестагот, за кое е потребна поддршка од 44 проценти.

Зелените имаат 11 проценти поддршка, Левицата има десет, популистичката Алијанса на Сара Вагенхт BSW има четири проценти, а Либерално-демократската партија (FDP) има поддршка од три проценти.

INSA анкетирала 1.203 лица од 28 јули до 1 август, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот