фото: твитер

Почнува трката во САД кои градови ќе бидат домаќини на Мундијалот

На Светското првенство во 2026 година за прв пат ќе настапат дури 48 репрезентации.

Американските градови кои сакаат да бидат домаќини на натпреварите од Светското првенство од утре преку видео конференција ќе започнат со претставувањето на понудите.
Досега се пријавени 17 градови кандидати, а само 10 градови ќе бидат домаќини.

Градовите кои останаа во трка за домаќини на СП 2026 се Атланта, Мајами, Нешвил, Орландо, Хјустон, Далас, Канзас сити, Бостон, Балтимор, Њујорк/Њу Џерси, Синсинати, Денвер, Сиетл, Филаделфија, Вашингтон, Сан Франциско и Лос Анџелес.

Интересно е што еден од најголемите градови во САД, Чикаго каде се играше првиот натпревар од СП 1994 година, не ја помина првата фаза.
Исто така Американската фудбалска федерација (УССФ) ќе треба да го одреди градот во кој ќе се игра финалето, а според првичните информации од УССФ, тоа ќе биде град кој има стадион од најмалку 80.000 седишта.

Во останатите две земји кои се коорганизатори на СП 2026, Мексико и Канада речиси се познати градовите домаќини. Монтреал, Торонто и Едмонтон во Канада, додека Мексико сити, Гвадалахара и Монтереј во Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот