Болницата во Кочани. / Фото: Слободен печат

Почна реконтрукцијата на Одделот за физикална терапија во кочанската болница

Во Општата болница во Кочани денеска официјално започнала реконструкцијата на Одделот за физикална терапија. За време на градежните активности, пациентите кои имаат потреба од терапија ќе бидат префрлени на две локации – Пониква и Одделението за хирургија, јави Радио Кочани.

Моментално, услугите од физикална терапија ги користат 45 пациенти, при што најголем дел од нив имаат изгореници на горните екстремитети. Болницата, покрај пациентите од Кочани, згрижува и лица од Штип.

Директорката на установата, д-р Мирчовска, информираше дека здравствената состојба на пациентите е стабилна и дека нивното опоравување напредува секојдневно. Таа најави и нови донации за болницата во претстојниот период, како и зголемување на медицинскиот персонал согласно со зголемените потреби на установата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот