Владимир Жириновски/Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Почина рускиот политичар Владимир Жириновски

Владимир Жириновски, лидерот на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР), почина по долго и тешко боледување, пренесува РИА новости.

Седумдесет и петгодишниот Жириновски на 2 февруари бил примен во болница со ковид-19.

Веста за смртта на Жириновски ја соопшти претседателот на државната Дума на Русија, Вјачеслав Володин.

„По тешко и долго боледување, почина Владимир Волфович Жириновски. Човек кој длабоко разбрал како функционира светот и предвидел многу“, напиша Володин на својот канал Телеграм.

На крајот на минатиот месец неколку руски медиуми објавија вест дека Жириновски починал, повикувајќи се на информација што ја објави сенаторот Александар Пронјушкин на мрежата Телеграм. Пронјушкин подоцна ја избриша својата објава.

Жириновски беше хоспитализиран на 2 февруари поради ковид и оттогаш беше во болница. Подоцна, на 11 февруари, Министерството за здравство соопшти дека неговата состојба е оценета како стабилна, а од партиската прес-служба објавија дека Жириновски продолжил да работи од болницата и одржувал контакт со колегите пратеници.

Во интервју кон крајот на минатата година Жириновски рече дека веќе примил осум вакцини против коронавирусот. Според него, тој се ревакцинирал на секои два месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот