Александар Диневски/ Фото: Слободен печат

Почина поранешниот контраразузнавачот Александар Диневски

Почина Александар Диневски, поранешен контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во јавноста стана познат како дел од „осумтемина“ од последните години пред распадот на екс Југославија, настан со кој се навести демократизацијата во Македонија.

Тој беше еден од осудените во аферата „Шпион“, кој до денеска ја следат бројни контроверзии. Тој беше осуден на 4.5 години, по што тврдеше дека се работи за политички прогон.

Обвинетите за време на судскиот процес тврдеа дека станува збор за целосно монтиран случај и негираа вина.

Ексразузнавачот Александар Диневски поради незадоволството од првостепената пресуда и 4,5 годипната затворска казна штрајкуваше со глад во затворот Шутка каде издржуваше притвор речиси цела година пред донесувањето на пресудата.

За првата шпионска афера во Македонија, пред десетина години Кривичниот суд во Скопје донесе пресуда во која опфатени беа 18 лица и сите беа прогласени за виновни. Освен Диневски на затворски казни беа осудени и поранешниот директор на Управа за спречување на перење на пари, Ване Цветанов, новинарот Зоран Божиновски, ексгенералот Горан Стојков. Највисока затворска казна во висина од 15 години доби Марјан Ефремов кој беше еден од најаномните имиња во оваа афера. Тој е брат на велешкиот јавен обвинител, Ивица Ефремов, кој, пак, беше дел од случајот „Ликвидација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот