
Почина поранешниот голман на Барселона, Арнау
Тажни вести доаѓа од Шпанија.
Поранешниот голман на Барселона, Францеск Арнау почина на 46. години и тоа на само еден ден пред својот роденден.
Ова лето требаше да биде едно од најубавите за Арнау кој беше спортски директор на Овиедо, но се очекуваше да се врати на „Камп Ноу“ и тоа на повик од претседателот Жоан Лапорта.
Арнау е дете на Барселона, ги помина сите младински категории во Ла Масија, а за првиот тим на Барселона и на Малага бранеше на вкупно 274 натпревари во Ла Лига. Во својата кариера освои две титули во Ла Лига, еден кралски куп, а со младата репрезентација на Шпанија триумфира на ЕП до 21 година.
„Длабоко жалиме поради смртта на Арнау кој дојде во Барселона како дете, потоа беше голман на првиот тим од 1998 до 2001 година. Почивај во мир“, објави Барселона.
Препорачано
D.E.P. ?
FRANCESC ARNAU
Portero@FCBarcelona (1995/01)@MalagaCF (2001/11)
2️⃣7️⃣4️⃣ PJ/@laliga
2️⃣ Ligas ??
1️⃣ Copa del Rey ?
1️⃣ Recopa ?
1️⃣ Supercopa ?? ?
1️⃣ Eurocopa Sub21 ? pic.twitter.com/gRzjIJE0em— HistóricosdelFútbol (@Furgolistas) May 22, 2021