
Почина помладиот брат на основачот на Северна Кореја, Ким Џонг-џу
Севернокорејските државни медиуми објавија, без да наведат датум, дека почина Ким Џонг-џу, помладиот брат на основачот на Северна Кореја, Ким Ил-сунг.
Препорачано
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун изрази сочувство и испрати венец.
Медиумите не наведуваат кога почина Ким Џонг-џу, но според податоците на севернокорејското Министерство за обединување, тој е роден во 1920 година.
Три генерации од семејството на Ким владеат со Северна Кореја откако Ким Ил-сунг ја формира земјата во 1948 година. Во 1994 година по смртта на Ким Ил-сунг власта ја презема неговиот најстар син Ким Џонг-ил. По неговата смрт во 2011 година власта ја презема неговиот најмлад син Ким Џонг-ун.
За време на владеењето на Ким Ил-сунг, Ким Џонг-џу важеше за втор најмоќен човек во земјата, дури и за наследник на својот брат. Тој извршуваше повеќе високи функции во владејачката Работничка партија, а во 1972 година ја претставуваше Северна Кореја на потпишувањето на мировниот договор со Јужна Кореја.
Ким Џонг-џу последен пат е виден во јавност во 2015 година, кога беше снимен од државната телевизија како се поклонува пред портретите на Ким Ил-сунг и на Ким Џонг-ил откако гласаше на локалните избори.
Извор: МИА
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5