
ПОЦ воведува два меѓународни ИСО-стандарди за поквалитетни услуги
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“, денеска потпиша договор за сертификација на два светски признаени ISO стандарди, со што започнува ново поглавје во унапредување на квалитетот на услугите и грижата за животната средина.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како шти информираат од ПОЦ, стандардите кои ќе бидат имплементирани се ISO 9001 – меѓународен стандард за управување со квалитет, насочен кон подобрување на процесите и зголемување на задоволството на корисниците и ISO 14001 – меѓународен стандард за системи за управување со животната средина и одржливо работење.
Ова е првпат претпријатието да добие ISO сертификација.
Со воведување на ISO стандардите поставуваме нови критериуми за транспарентно и одговорно работење, а со цел граѓаните да добијат побрза, поефикасна и поквалитетна услуга..Истовремено, ISO 14001 е потврда дека нашата мисија не е само паркирањето, туку и грижата за почиста и поздрава животна средина во општината Центар и во градот. Со оваа имплементација правиме чекор поблиску кон европските стандарди и покажуваме дека и јавно претпријатие може да биде пример за модерно и одржливо управување, истакна директорот на ПОЦ, Душко Коцевски.
Имплементацијата ќе се одвива во наредниот период, со цел обезбедување системски и долгорочни решенија во работењето на претпријатието.