
По воведувањето на европската директива, бугарските фирми за брзи кредити ставаат предупредувања на рекламите
Во европска директива, која наскоро ќе се воведе во Бугарија е предвидено да стои предупердување во рекламите за брзите кредити – Предупредување „Внимавајте! Позајмувањето пари чини пари.“. За таа цел, Министерството за економија и индустрија организира јавна консултација за нацрт-закон за потрошувачки кредити. Рокот за пополнување на прашалникот и доставување на мислења е 14 дена.
Препорачано
Предупредувањето во рекламата мора да биде јасно и видливо прикажано за да ги информира потрошувачите дека позајмувањето пари чини пари, се наведува во европската директива. Друга промена што ќе се воведе е дека во случај на предвремена отплата на износите на кредитот, заемодавателот ќе има право на надомест доколку исплатениот износ го надмине прагот од 10 илјади евра во рок од 12 месеци. Надоместокот нема да надминува 1% од износот на претплатата ако периодот помеѓу платениот износ и договорениот датум за раскинување на договорот за кредит е подолг од една година.
Доколку овој период не надминува една година, надоместокот не надминува 0,5% од износот на кредитот за предвремена отплата. Исто така, се предвидува дека идниот закон за потрошувачки кредити ќе го регулира и одобрувањето на кредити под 200 евра или оние без камата, како и оние со краток рок на отплата. Од нив се очекува да дадат прелиминарни информации. Сепак, за овие заеми, може да има помал број барања што тие мора да ги обезбедат. Максималниот износ на потрошувачкиот кредит исто така се менува. Според претходната директива, беа регулирани кредити до 75 илјади евра, а со сегашната, износот сега е 100 илјади евра, објави „Телеграф.бг“.