
По осум месеци затвор за напаѓачите врз Христијан Пендиков – не го тепале од омраза, реши Судот
Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени на по 8 месеци ефективна казна затвор за нанесување тешка телесна повреда, но судот смета дека мотивот „омраза“ не е докажан, изјави адвокатот на Пендиков за БТА.
Препорачано
Пресудата е донесена по нешто повеќе од две години откако беше закажано првото рочиште за случајот – нападот што се случи вечерта на 19 јануари 2023 година пред ресторан во Охрид.
Секретарот на веќе поранешното бугарско здружение во Охрид, „Цар Борис Трети“ бил нападнат и завршил со два напукнати пршлени, скршена вилица, испукани ребра и три скршени заби.
Тој беше донесен со претседателски авион на лекување на Воената медицинска академија во Софија, а случајот прерасна во политички скандал и предизвика нови тензии помеѓу Македонија и Бугарија. По неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство, кое му беше свечено врачено од страна на бугарскиот политички врв.
Пендиков тврдеше дека бил нападнат поради тоа што се чувствувал како Бугарин, додека одбраната го оспоруваше мотивот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
12мин
-
25мин
-
25мин
-
33мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5