Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

По два дена изгаснат пожарот кај Бељаковце
Изгаснат е пожарот кај кумановското село Бељаковце, со кој противпожарните служби се бореа два дена. Во гаснењето на пожарот беа вклучени четири екипи од територијалната противпожарна единица, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, вработени од „Национални шуми“ и локално население.
Препорачано
-Пожарот беснееше два дена. Првиот ден од 16 часот, беше локализиран извесен период, подоцна повторно се разгоре, поради ветрот, и вчера е изгаснат, околу три часот по полноќ – изјави заменик-командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски.
Во вечерните часови голем пожар избувнал и во кратовското село Димонце. За негово локализирање биле ангажирани екипа од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово и две екипи од ТППЕ Старо Нагоричане. Целосно е изгаснат и големиот пожар кој беснееше во селата Ругинце, Облавце и Сув Орах.
Во текот на вчерашниот ден пожар бил пријавен и во селото Отља, во општина Липково, како и во селото Тромеѓа каде што горело стрниште. Ноќеска, половина час по полноќ, интервенирано е и на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, каде што горел смет. Пожарот бил изгаснат за околу 30-тина минути, соопштуваат од РЦУК.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
18мин
-
27мин
-
33мин
-
38мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5