Фото: SOPA Images / ddp USA / Profimedia

По 36 години се гаси Ем-ти-ви Њуз: Формат со кој израснаа многу генерации

Без разлика на која генерација припаѓате, вестите на Ем-ти-ви (MTV) им се добро познати на сите. Ова ја објаснува посебната приврзаност на гледачите за оваа платформа, па не изненадува тоа што веста за нејзиното откажување одекна доста гласно.

После 36 години, Ем-ти-ви Њуз е официјално затворен, а причината наводно се крие во масовните отпуштања, односно фактот што матичната компанија го намалила постоечкиот тим за цели 25%, што следствено доведе до неможност за нормално функционирање на брендот.

Каналот започна пред повеќе од три децении со шоуто „The Week in Rock“ чиј водител беше Курт Лодер. Следеа голем број други емисии и формати кои ја одбележаа поп културата.

На социјалните мрежи, фановите на Ем-ти-ви Њуз, го изразија своето жалење поради затворањето. Љубителите на поп културата истакнуваат дека ова е навистина крај на ерата со која пораснале, која навремено ги информираше за вести и содржини кои лесно го ноѓаа патот до публиката.

Крис Мекарти, од (Showtime/MTV Entertainment Studios) и претседател на Парамонт медиа нетворкс (Paramount Media Networks), изјави за Варајети (Variety) дека ова е тешко, но важно стратегиско преуредување на компанијата и дека со елиминирање на одредени единици и рационализирање на други, ќе биде можно да се намалат трошоците, што ќе придонесе за подобар целокупен бизнис и напредок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот