
Планот на Трамп е рецепт за разнесување на регионот
Лидерот на палестинската милитантна група Исламски џихад, Зијад ал-Нахлах, изјави дека ги смета најавите на САД и Израел за Газа за „рецепт за дигање во воздух на регионот“.
Препорачано
Групата, која исто така зеде израелски заложници, е сојузник на Хамас во Газа, објави Ројтерс.
Палестинската самоуправа (ПА) во Рамала го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Газа и изјави дека има доверба „во неговата способност да најде пат кон мир“.
Во соопштението објавено во понеделник, Палестинската самоуправа ја нагласи важноста на партнерството со Соединетите Американски Држави во постигнувањето мир во регионот.
Функционерот на Хамас, Махмуд Мардави, повтори дека палестинската милитантна група сè уште не го добила писмениот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа.
Мардаи ги даде овие забелешки во изјава за телевизијата Ал Џезира синоќа, кратко по заедничката прес-конференција меѓу Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на која израелскиот премиер изрази поддршка за планот на САД за прекин на војната во Газа.
По разговорите меѓу Трамп и Нетанјаху во Вашингтон, Белата куќа објави план од 20 точки кој повикува на итен прекин на огнот, размена на заложници што ги држи Хамас за палестински затвореници што ги држи Израел, постепено повлекување на Израел од Газа, разоружување на Хамас и преодна власт предводена од меѓународно тело на чело со Трамп.