Фото: ТВ24/принтскрин / илустрација

Пламна Суви Дол, го изгасна „Равна Река“

Пехчевските пожарникари-доброволци денеска гаснеа пожар кај местото „Суви Дол“. Пожарот, како што информираа, зафатил овошни насади, како и сува трева.

– Денеска петмина членови на Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, заедно со вработени од ПШС „Равна Река“ – Пехчево, интервенираа на пожар на местото наречено „Суви Дол“, каде гореа сува трева и овошни насади. Пожарот е локализиран во најкраток можен рок, изјавија од ДПД – Пехчево.

Оттаму апелираа да не се пали оган на отворено.

– Се молат сите граѓани да не палат сува трева и грмушки на отворено, бидејки знаеме што се случи минатата година и затоа, да не дозволиме да се повтори вакво сценарио, додадоа од ДПД – Пехчево.

Појава на запалени стрништа и сува трева, деновиве имаше и во атарот на каменичко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот