Фото: илустрација / Слободен печат / Драган Митрески

Плаќаме највисоки провизии во регионот за основни банкарски услуги, реагираат од Партијата на пензионери

Високите надоместоци и провизии за основните банкарски услуги се највисоки во регионот и апелираме до Владата и Собранието да донесат закон за олеснување на граѓаните на пристап до основните банкарски услуги, односно ослободување на граѓаните од плаќање провизии за основните банкарски услуги, како што се помеѓу другите и плаќање на сметки за комунални услуги, велат од Партијата на пензионери.

– Целта е да се овозможи на сите граѓани, а особено на пензионерите и сите други ранливи категории, пристап до основните финансиски услуги без дополнителни трошоци. Тоа значи банките повеќе да не смеат да наплаќаат провизии за основните услуги ако корисникот прима плата, пензија или други редовни примања на својата сметка. Тоа значи дека пензионерите и другите ранливи категории ќе можат без провизија да подигаат готовина на шалтерите и банкоматите на сите банки – се вели во реакцијата.

Тие напомнуваат дека во некои земји во регионот банките не наплаќаат надоместоци за отворање, затворање, одржување на платежните сметки, како и за други основни банкарски услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот