Фото: EPA-EFE/Felipe Gutierrez

Пике „удри“ по Реал Мадрид: На нив 120 години судиите им се виновни

Поранешниот фудбалер на Барселона Жерар Пике по жалбите на Реал Мадрид за арбитражата во Ла Лига се огласи во јавноста со критики на сметка на „кралевите“.

Жалбите Реал Мадрид ги истакна преку својата клупска телевизија, но и испрати отворено писмо до Фудбалската федерација на Шпанија.

„Тоа што го прават не е ништо ново, тие 120 години се жалат и се однесуваат на тој начин. Кога ќе изгубат, гледаат да почнат друга тема, постојано имаат помош и од медиумите кога не им оди како што треба. Сите сме навикнати на тоа“, изјави Пике.

Не застана тука Пике, па ја коментираше и трансфер политиката на двата шпански гиганти.

„Во Шпанија и денес играат многу таленти со тоа што Барселона ги создава, а Реал Мадрид ги купува“, истакан Пике.

На табелата во Ла Лига сезонава, Реал Мадрид е лидер со 48 бодови, Атлетико е втор, додека Барселона на третата има 45.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот