Фото: EPA-EFE/JESSICA PASQUALON

Пике сака да нема натпревари без голови, има револуционерен предлог

Поранешниот фудбалер на Барселона и Шпански репрезентативец, Жерар Пике изнесе идеја со која смета дека би помогнал натпреварите да завршуваат без погодоци.

Имено, поранешниот стопер би ги казнувал екипите кои ќе одиграат без голови така што двата тима не би освоиле бодови.

Пике смета дека ако двата тима бида под закана дека нема да освојат бодови ако не постигнат гол, тогаш би играле многу повеќе офанзивно и би тргнале по победата.

„Нешто мора да се промени. Не може да одиш на стадион и потрошиш 100, 200 или 300 евра за натпреварот да заврши 0:0. Мојот предлог е двете екипи да не добиваат бодови ак обиде 0:0. Верувам дека на тој начин ако нема промена на резултатот до 70. минута, тогаш играта би се отворила“, изјави Пике.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот