Славјанка Петровска / Фото: Канал 5

Петровска: Институциите под оваа власт немаат капацитет да ги исполнат нејзините ветувања

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, вечерва во „Само вистина“ на „Канал 5“ ја коментираше актуелната политичка ситуација, наведувајќи дека „сите закони предложени од опозицијата се осудени на неуспех уште пред да започнат да се разгледуваат“. Според неа, и најдобрите предлози ќе бидат одбиени само поради политичките прилики.

„Ако некој од опозицијата предложи закон, тој однапред е осуден на пропаст, дури и да е најдобриот“, рече Петровска.

Таа исто така се осврна на пакетот закони во правосудството и реформите кои, како што рече, „беа најавени со голем пропаганден акцент“, но досега не се спроведени. „Од тие најавувани реформи, ништо нема до денеска“, додаде таа.

Во однос на ветувањата дадени пред изборите, Петровска нагласи дека институциите кои се под раководство на актуелната власт не покажуваат доволен капацитет да ги исполнат таквите ветувања.

„На ветени проекти и постизборно, во институциите со кои раководат, немаат капацитет ниту ветувањата да си ги исполнат“, вели Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот