Петар Богојески ќе предава на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Претседателот на партијата Македонски концепт, Петар Богојески, соопшти дека е избран да биде дел од наставниот кадар на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје откако објави дека го напушта директорското место во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Со особено задоволство и почит ве известувам дека бев избран во наставно-научно звање од страна на Наставно-научниот совет на Воена академија – Скопје. Со тоа и официјално сум дел од наставната фела на оваа највисоко реномирана, научна и образовна институција! Во исто време, продолжувам со научната и образовна дејност на Универзитетот за мир на Обединетите нации, Њујорк, САД. Се гледаме наскоро и во служба на народот“, пишува Богојески на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот