DEMIAN ALDAY ESTEVEZ / EPA

Пет лица под истрага поради смртта на Марадона

Аргентинското јавно обвинителство денеска ја прошири истрагата за убиство од немарност на уште три лица блиски до Диего Марадона па сега истрагата е проширена на пет лица за смртта на легендарниот фудбалер.

Од моментот кога обвинителството покрена истрага таа беше насочена кон личниот лекар на Марадона, Леополд Луке и психијатарот Агустина Косачов, но денеска истрагата за убиство од немарност е проширена на уште три лица.
Во неа се опфатени и психологот на Марадона, Карлос Дијаз и двајца медицински техничари, Дајана Мадрид и Рикардо Алмирон кои се грижеа за поранешниот фудбалер од излегувањето од болница па се до неговата смрт.
Засега обвинителството не покренува обвинение, но посочи дека сите осомничени лица и официјално ќе бидат испрашани во наредниот период бидејќи целта на истрагата е да се утвфрди дали смртта на Марадона е последица на немарност при лечењето.

Како што досега е утврдено, Дијаз прв влегол во собата на Марадона во времето на смртта и се обидел да му укаже прва помош пред да ја повика брзата помош. Алмирон бил дежурен за време на ноќта и изјавил дека Марадона спиел кога тој влегол во собата во 6.30 часот или шест часа пред смртта и биде повикана брза помош.
Дајана Мадрид веќе признала дека дала лажен исказ кога на првото испитување изјавила дека влегла во собата на Марадона кога ја преземала смената. Таа изјавила дека дала лажен исказ бидејќи била под притисок на фирмата која ја ангажирала.
Истрагата на аргентинското обвинителство го опфаќа периодот од 3. ноември кога Марадона имаше крварење на мозокот и му беше направена операција, а посебен акцент е ставен на деновите помеѓу 11. и 25. ноември, односно од излегувањето од болница и неговата смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!