Комарец, пренсувач на вирусот на западнонилска треска/ Фото: МИА

Пет лица починаа од вирусот Западен Нил во јули во Италија

Според надлежните органи, 5 лица починале од вирусот Западен Нил во Италија овој месец. Во регионот Кампанија, со главен град Неапол, вчера почина 80-годишен маж со сериозни придружни заболувања. Пред кратко време беше објавено и дека кон крајот на минатата недела, 74-годишен маж, кој страдал од откажување на бубрезите и бил заразен со вирусот, го загубил животот, исто така во болница во Неапол.

Минатата недела, уште три лица починаа од компликации предизвикани од вирусот во пошироката област Латина (која се наоѓа 78 километри јужно од Рим) и во градот Новара, во близина на Торино.

Италијанските лекари нагласуваат дека во повеќето случаи, секој заразен со вирусот (кој го пренесуваат комарци) останува асимптоматски или ги надминува симптомите слични на грип во рок од неколку дена, без потреба од хоспитализација. Сепак, кај постарите лица со основни болести и ослабен имунолошки систем, постои поголема шанса за посериозни проблеми, почнувајќи од сериозни компликации во невролошкиот систем.

Во споредба со минатата година, вкупниот број на случаи досега не се зголемил. Она што се промени е евидентирањето на најголемиот процент на случаи (досега има 28) во регионот Латина, каде што има големи рамнини со земјоделски површини и, до пред еден век, маларијата беше особено распространета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот