Пилешки стек месо во маркет / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

„Перутнина Птуј“ станува сопственик на еден од најголемите шпански производители на месо

„Перутнина Птуј“ официјално ја заврши трансакцијата за стекнување на повеќе од 92 проценти од акциите на Групо Увес, еден од најголемите вертикално интегрирани производители на живина и свинско месо во Шпанија, објави „СЕЕ.биз.еу“. Договорот беше можен по истекот на периодот на пристапување кон договорот за купопродажба на акции потпишан во март оваа година и по добивањето на сите потребни одобренија.

Компанијата со седиште во Птуј, која е дел од групацијата MHP, доби одобренија од антимонополските органи на Украина, Шпанија, Саудиска Арабија, Србија, Црна Гора и Косово, како и одобренија од Европската комисија во врска со контролата на концентрациите и странските субвенции, објави „Перутнина“.

Трансакцијата е официјално завршена, а компанијата стана сопственик на повеќе од 92 проценти од акциите и ги подмири своите обврски кон сите продавачи. „Перутнина Птуј“ со тоа ги контролира клучните процеси и оперативни активности на шпанската компанија. Извршниот директор на „Увеса“, Антонио Санче, нагласи дека партнерството со MHP отвора ново и важно поглавје за нив, бидејќи ќе можат да го забрзаат растот, благодарение на богатото искуство на MHP во оперативните иновации. „Групо Увеса“ е една од водечките компании во шпанската прехранбена индустрија, која работи во секторите за живина, свинско месо и храна за животни повеќе од 60 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот