Фото: Wikimedia Commons/ Hubert Padalak

„Пепко“ итно повлече детска маска од српскиот пазар: Може да предизвика задушување

Компанијата „Пепко“ соопшти дека итно го повлекува производот ФЕЛТ МАСК Халоуин од српскиот пазар, бидејќи пакувањето може да предизвика задушување на децата. Според веб-страницата на компанијата, производот е повлечен од пазарот заради безбедност на клиентите.

„За безбедност на нашите клиенти, ПЕПКО одлучи да го повлече производот од продажба, кој е увезен од Полска. Пластиката на пакувањето е премногу тенка. Ако детето си игра со амбалажата, таа може да ги покрие устата и носот, што може да доведе до задушување“, пишува на веб-страницата Пепко.

Во соопштението се наведува дека сите клиенти кои веќе ги набавиле овие маски можат да ги вратат до 4 мај годинава и без фактура ќе им бидат вратени трошоците за набавка, предупредува Нова рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот