Пентагон поделен околу стратегијата, жени генерали остануваат без функции

Внатрешните несогласувања во раководството на американското Министерство за одбрана сè повеќе излегуваат на површина околу изработката на новата Национална одбранбена стратегија, објави „Вашингтон пост“.

Според весникот, повеќе високи функционери на Пентагон отворено изразуваат сомнеж во вредноста на документот, опишувајќи го како „кратковид“ и недоволно прилагоден на денешните глобални предизвици.

Дел од експертите кои учествувале во подготовката сметаат дека стратегијата ги игнорира непредвидливиот и често контрадикторен пристап на актуелниот претседател кон меѓународните прашања, што ја доведува во прашање практичната употребливост на документот.

Пентагон / Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Посебна загриженост предизвикува оценката дека стратегијата е премногу насочена кон внатрешните безбедносни предизвици, додека глобалните ризици – вклучително и севкупната воена модернизација на Кина – се сведуваат речиси исклучиво на проблемот со Тајван.

Според два неименувани извора, реториката на документот е изразито партиска, со тенденција вината за слабеењето на американската армија да ја префрли врз претходната администрација на Џо Бајден. Во исто време, медиумите објавија дека Пентагон донел одлука за набавка на нови ракети во контекст на потенцијален судир со Кина.

Плановите на министерот за одбрана Пит Хегсет за реорганизација на вооружените сили, исто така, предизвикуваат несогласувања. Се очекува мерките да опфатат околу 800 генерали и адмирали кои во моментов извршуваат клучни командни функции.

Според „Вашингтон пост“, во досегашните кадровски промени „несразмерно голем број“ жени останале без позиции, што отвори дополнителни прашања за праведноста и легитимноста на новата политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот