Грок на Илон Маск - ВИ

Пентагон ќе почне да ја користи вештачка интелигенција „Грок“ на Илон Маск

Пентагон ќе почне да го користи „Грок“, чет-бот за вештачка интелигенција развиен од стартапот xAI на милијардерот Илон Маск, објави компанијата на социјалните медиуми.

Како дел од новата иницијатива наречена „Грок за владата“, xAI ќе ѝ понуди на американската влада пристап до своите најсовремени модели на вештачка интелигенција, објави Политико.

Договорот, со максимална вредност од 200 милиони долари, опфаќа развој на прилагодени решенија за вештачка интелигенција за национална безбедност, здравство и фундаментална наука.

Соработката доаѓа во време на зголемена конкуренција во секторот за вештачка интелигенција, каде што Грок е позициониран како директен конкурент на ОпенАИ, кој исто така има договори со владини агенции, вклучувајќи го и Министерството за одбрана.

Слични договори неодамна им беа доделени на Антропик и Гугл.

Сепак, „Грок“ беше под лупа минатата недела откако антисемитски коментари генерирани од чат-ботот беа објавени на платформата X.

Компанијата соопшти дека непристојната содржина е отстранета и не е резултат на основниот модел, туку грешка во системот за одговор.

Министерството за одбрана официјално не коментираше за договорот, но ги упати медиумите на својата страница за јавни информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот