
Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин, велат адвокатите на обвинетите
Во охридскиот основен суд денеска од почеток започна постапката против Илија Спасески и Борче Ангелоски, кои се обвинети за тепањето на Христијан Пендиков, кој се чувствува како Бугарин, а по случајот доби и државјанство на Бугарија, пренесе „СДК.мк“.
Препорачано
Пендиков не присуствуваше во судницата, но обвинетите одбија вина за овој случај, и преку нивните адвокати се изјаснија дека не го тепале поради национална омраза.
Сведокот Гоце Спасески, татко на првообвинетиот, рече дека не постои национална омраза. Спасески рече дека за време на потонувањето на бродот „Илинден“, тој лично учествувал во спасителната акција и добил Орден од Бугарија.
Судот треба дополнително да одлучи дали ЦД со изјава на Пендиков за бугарска телевизија ќе биде прифатено како доказ. Според одбраната, тој доказ е потребен за утврдување на правната вистина и да докаже дека оштетениот немал повреди, затоа што го дал интервјуто.
Адвокатот на Пендиков, пак, се противи изјавата на Пендиков да биде доказ, оти снимката според него не била релевантна.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
16мин
-
29мин
-
29мин
-
37мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5