Фото: Кабинет на Претседателот Стево Пендаровски

Пендаровски се сретна со Џејмс O’Брајан во Давос, разговараа за европската интеграција на Македонија

Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, оствари средба со Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент.

На средбата се разговарало за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на Македонија, за реформскиот процес, како и за политичките состојби во нашата држава и во регионот.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, на средбата била реафирмирана поддршката на САД за европските аспирации на Македонија, и било изразено и очекувањето од официјален Вашингтон дека државата ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Пендаровски на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот