
Пеколен феномен во 2023 година? Научниците се вознемирени, морињата никогаш не биле потопли
Научниците се вознемирени бидејќи температурата на површината на светските мориња е на рекордно високо ниво повеќе од еден месец. Почнувајќи од средината на март, податоците од американската Национална океанска и атмосферска администрација (NOAA) драматично отскокнуваат од претходните записи, по ниските нивоа на мраз на Арктикот и Антарктикот оваа година.
Препорачано
Како резултат на тоа, ширум светот се појавуваат голем број океански топлотни бранови, кои вршат огромен притисок врз дивиот свет, пишува „Саенс алерт“ (Science Alert). Ваквите настани се алармантни, но за жал не се неочекувани за оние кои се занимаваат со климатски науки.
„Иако е утешно да се види дека моделите функционираат, секако е страшно да се видат климатските промени кои се случуваат во реалниот живот“, објаснува биогеохемичарот на „WHOI“, Јенс Терхар, кој вели дека ова е само почеток.
While the recent SST anomaly is terrifying, it is not unexpected. CMIP6 models predicted the monthly 0.7°C anomaly (comp. to 1982-2011) to be reached between 2017&2040. This wouldn’t have happened without climate change, we are in a new climate state, extremes are the new normal. https://t.co/qaAjJdxwGy pic.twitter.com/0a1B28E7dx
— Dr Jens Terhaar (@JensTerhaar) April 24, 2023
Претходниот температурен рекорд беше во 2016 година, за време на Ел Нињо – климатски модел што дополнително ги загрева океаните. Има се повеќе индиции дека истиот пеколен феномен не очекува во 2023 година, што дополнително ќе ги влоши екстремните временски услови ширум светот. „Саенс алерт“ пишува дека поради тоа температурите на морската површина би можеле уште повеќе да се зголемат во текот на следната година.
Дополнителното затоплување што го донесе Ел Нињо ќе предизвика некои делови од нашата планета да се загреат за дополнителни 1,5 степени Целзиусови, објасни океанографот Мониња Роган.
Because global SSTs will only increase as El Niño develops, the oceans may see a horrific 5σ SST massive heating event this year or next.
5σ = 1-in-3,490,000.
We’re currently at 4.47σ.
Physicists use 5σ anomalies as proof of existence. E.g. Higgs boson.https://t.co/9G6PVnjWeh pic.twitter.com/6PgxMeAcEl
— Prof. Eliot Jacobson (@EliotJacobson) April 23, 2023
Пензионираниот математичар Елиот Џејкобсон објасни колку се вознемирувачки овие показатели.
Истражувачите стравуваат дека ова сигурно, ненормално големо отстапување од минатите температури би значело дека нашите океани ги достигнале границите на нивната способност да апсорбираат топлина. Тоа би била крајно лоша вест ако се земе предвид дека нашите океани досега апсорбираа над 90 отсто од вишокот топлина што сме ја испумпувале во нашите климатски системи.
Експертите сега наведуваат дека треба да се направи се што е можно за да се намали штетната зависност од фосилните горива, а климатологот Катарин Хејхо истакна дека нашите избори во оваа ситуација се многу важни. „Не е доцна да се избегнат најлошите последици“.