Пецас: Никој не може да спречи земја членка на Унијата да покренува свои прашања во пристапниот процес

Ќе продолжиме да ја поддржуваме европската перспектива на регионот, но никој не може да спречи земја членка на Унијата да покренува свои прашања во пристапниот процес, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, за тоа каков е ставот на Грција за бугарските позиции во однос на патот на нашата земја кон ЕУ.

Πецас, сепак изрази надеж дека на крајот ќе се отвори вратата за европска перспектива за земјите од регионот.

– Ние традиционално сме за зајакнување на врските на земјите од целиот регион и секако ја имаме поддржано европската перспектива на земјите од Западен Балкан. И ќе продолжиме да го правиме тоа. Оттука, како што знаете и ние во минатото кажавме дека ќе одиме на отворање и затворање на преговарачките поглавја согласно и со нашите интереси. Ќе гледаме, во интегративниот процес да гарантираме дека се задоволени грчките интереси. Во овие рамки, никој не може да спречи никоја друга држава членка да покренува свои прашања во процесот. Се надеваме дека на крајот од патот навистина ќе се отвори вратата за европска перспектива и на овие земји, рече Пецас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!