
Пецаков: Туризмот во Охрид ќе претрпи голема загуба со градежните активности на влезот од градот
Градежните активности на влезот на Охрид ќе резултираат со голема загуба во туризмот вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Препорачано
Во гостување во Студио 10, Пецаков посочи дека културно, со разбирање ќе побараат овие градежни активности на влезот на Охрид да не се одвиваат сега пред почетокот на туристичката сезона.
Со огледа на тоа што покрај мене оние кои го потпишаа тоа барање, а од друга страна оние коишто имаа доста погласни реакции од мојата со посочување на пластични примери околу затворањето на градот, а и реални примери што се соочиле во овие неколку дена, би рекол дека туризмот губи многу. Сето тоа можеа да го завршат и претходно, но се одлучија сега. Зошто и како, тоа прашање ќе мора да го поставите и вие како новинари, да дадат логичен одговор зошто сега, која е разликата што посебно ова не се последни километри од изградба на автопатот, туку ова е едно од спорните точки од околу 30 или 40 кои сè уште не се завршени на автопатот – вели тој.
Тој вели дека имале реакции од луѓе директно засегнати со ова, а дополнително и од Брзата помош, пристапноста до Центарот за трауматологија до Центарот за кардиоваскуларни заболувања.
Јас не знам какви предизвици се пред нас во овие следни 30-40 дена, доколку го испочитуваат рокот, а притоа не се отвори главниот влез во Охрид – заклучи Пецаков.