Марија Митева Фото: Принтскрин

Проверките открија кабареа и дискотеки кои работеле со истечени, но и без лиценци

Портпаролката на Владата, Марија Митева, попладнево на прес-конференција изјави дека се извршени контроли во објекти кои имаат лиценца за кабаре, дискотека во државата.

Приложени се 22 лиценци на цела територија на државата и 15 со истечена важност. Откриени се и објекти кои воопшто немале лиценци.

„Во Скопје 13 објекти, од кои само два се со лиценца со важност за кабаре и осум со истечена, а три објекти немаат никаква лиценца. Во Куманово имаме три објекти со дејност кабаре, сите се со важечки лиценци“, рече Митева.

Во Прилеп два објекти биле со истечени лиценци, во Гостивар еден со истечена лиценца. Во Охрид има и со важечки и со истечени лиценци. И во Тетово се откриени објекти без лиценци.

Митева рече дека Инспекторатот прави контроли дали сите објекти ги исполнуваат техничките услови, иако имаат лиценца. За оние кои немаат лиценци или им се истечени, донесена е забрана за работа.

За 58 лица се обезбедени транспорт и сместување, а Владата ќе го покрие трошокот. Ова се однесува за оние луѓе чии најблиски по пожарот во Кочани, се префрлени на лекување во странство. За нив Владата ќе ги покрие трошоците за да заминат во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот