Патријарх Кирил/ Фото: ЕПА

Патријархот Кирил со порака со Русите: Не се плашете од крајот на светот и нуклеарно оружје

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил обраќајќи се на Светскиот руски народен совет, ултраконзервативен форум кој ја промовира обновата на Русија како единствена држава во границите на Советскиот Сојуз, рекол дека “алармот и шпекулациите на нуклеарната тема” биле користени од страна на руските непријатели како тактика за сеење на страв, објави Novayagazeta.

“Нема потреба да се игра заедно со сето ова. Христијаните не се плашат од т.н. крај на светот, дури и во контекст на нуклеарното оружје. Го чекаме Господ Исус, кој ќе дојде во голема слава, ќе го уништи злото и ќе ги суди сите народи”, рекол Кирил.

Но, можноста за апокалипса не треба да ги охрабрува христијаните да “седат со скршени раце”, продолжил тој, повикувајќи ги наместо тоа да дејствуваат како “воини на Господ” за да се спротивстават на злото и да ги бранат високите морални идеали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!