Полиција / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Патот Скопје-Блаце утре нема да биде целосно затворен, два часа наизменично ќе се пропуштаат само автомобили

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (28.03.2025) во периодот од 5 до 7 часот наутро на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје, на околу четири километри од вториот кружен тек, во насока кон Скопје, ќе се извлекува камион со полуприколка кој денеска излетал од патот.

Иако претходно беше соопштено дека е можно патот во тој период да биде целосно затворен, од МВР велат дека сообраќајот ќе се одвива наизменично, а ќе бидат пропуштани само автомобили.

„Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што во наведениот период сообраќајот ќе се одвива наизменично само за патнички моторни возила“, велат од полицијата.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полицајците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!