Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Патишта во Кумановско ќе бидат затворени утре поради велосипедски трки

На 22.07.2025 година во време од 08.00–16.00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка „ХРОНО“, при што сообраќајот на регионалниот пат граничен премин Пелинце на потегот од раскрсницата за с. Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во с. Пелинце ќе биде запрен, соопшти МВР.

Исто така, истиот ден на 22.07.2025 година во време од 08.00–17.00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка МОУНТАИН БАЈК (тренинг), при што сообраќајот на патот во с. Добршане на регионалниот пат за Свети Николе до местото викано Студена Вода ќе биде запрен.

Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредните три дена. (22.7; 23.7.и 24.7)

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по суви коловози, велат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата, а времето на чекање е околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот