Нобеловиот институт / фото: Urpo Tarnanen / Google Maps

Папата, Столтенберг и Трамп меѓу 338 номинирани за Нобелова награда за мир годинава

Вкупно 338 луѓе се номинирани за Нобеловата награда за мир, соопшти денеска норвешкиот Нобелов институт, без да ги соопшти нивните имиња.

Ова е значително зголемување од 286-те номинирани лани, но сепак не го надминува рекордот поставен во 2016 година, кога беа номинирани 376 луѓе и организации.

Според статутот на Нобеловите награди за мир, идентитетот на номинираните се чува во тајност 50 години.

Но, и покрај ова, илјадниците предлагачи, без разлика дали се пратеници, или министри, или поранешни лауреати или универзитетски професори, можат слободно да им кажат на медиумите кого предложиле.

На пример, американскиот конгресмен Дарел Иса вчера на „Икс“ објави дека го номинирал Доналд Трамп и својата одлука ја опиша со зборовите: „Никој друг не го заслужува тоа“. Прес-службата на Иса подоцна соопшти дека оваа номинација била мотивирана од напорите на Трамп на Блискиот Исток.

Во јануари, илјадници луѓе потпишаа петиција со која се повикува Французинката Жизел Пелико, исто така, да ја добие Нобеловата награда за мир. Таа стана феминистичка икона откако стана јасно дека нејзиниот сопруг со години организирал да биде силувана од непознати мажи. За случајот минатата година беше одржан судски процес кој заврши со осудителни пресуди.

Членовите на норвешкиот Парламент соопштија дека ги номинирале поранешниот генерален секретар на ОН, Јенс Столтенберг и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и папата Франциск, за нивните напори за поддршка на мирот. /

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот